Ликвидноста на банките и во февруари годинава е на стабилно ниво. Kредитите бележат раст на месечно ниво и во секторот население и кај претпријатијата, а економијата се очекува да расте со сличен интензитет како во последните месеци од 2013 година. Ова е оцената на Kомитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ во врска со најновите макроекономски показатели за домашната економија и податоците за банкарскиот систем. Од централната банка наведуваат дека остварената динамика на кредитната активност е поголема од очекувањата на октомвриската проекција. Сепак, сметаат дека и понатаму постојат надолни ризици за кредитниот раст до крајот на годината, кои се поврзуваат со согледувањата на банките за профилот на ризик на побарувачката, конзервативните стратегии на големите банкарски групации, кои со своите банки-ќерки се присутни на домашниот пазар, и натамошното подобрување на квалитетот на кредитното портфолио.
Ликвидноста на банките и во февруари годинава е на стабилно ниво. Kредитите бележат раст на месечно ниво и во секторот население и кај претпријатијата, а економијата се очекува да расте со сличен интензитет како во последните месеци од 2013 година.
Ова е оцената на Kомитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ во врска со најновите макроекономски показатели за домашната економија и податоците за банкарскиот систем.
Од централната банка наведуваат дека остварената динамика на кредитната активност е поголема од очекувањата на октомвриската проекција. Сепак, сметаат дека и понатаму постојат надолни ризици за кредитниот раст до крајот на годината, кои се поврзуваат со согледувањата на банките за профилот на ризик на побарувачката, конзервативните стратегии на големите банкарски групации, кои со своите банки-ќерки се присутни на домашниот пазар, и натамошното подобрување на квалитетот на кредитното портфолио.
Февруарските податоци упатуваат на поволни движења и кај депозитниот потенцијал на банките, кој и понатаму се зголемува, но засилено, на месечна основа. Растот е резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со најголем придонес на секторот „население“ (придонес од 80 отсто во месечната промена).
- Податоците за девизните резерви за февруари укажуваат на нивно сезонско намалување, што е очекувано во рамки на проекциите на билансот на плаќања. Показателите за адекватноста на резервите и понатаму се во сигурната зона, односно укажуваат дека ќе има доволно девизни резерви за справување со евентуални, непредвидени шокови - соопштуваат од НБРМ.
Во однос на оцената за економијата се посочува дека таа во голема мера се базира врз постојаните поволни движења кај клучните економски сектори, пред с`, кај градежниот и индустрискиот сектор. Оценките и понатаму покажуваат дека растот на економијата нема да биде доволно силен за да може да предизвика поголеми нерамнотежи во економијата. Новите податоци за инфлациските остварувања од почетокот на годинава и понатаму упатуваат на пониски инфлациски притисоци. Трошоците на живот во февруари се намалија за 0,1 отсто на месечна основа, што доведе до дополнително забавување на годишната стапка на инфлација (0,6 отсто на годишна основа). Овие остварувања ги потврдуваат претходните оцени за претежно надолни ризици поврзани со проекцијата на инфлацијата за 2014 година, проектирана на 2,3 процента.
Ризици с` уште има и тие се врзани со надворешното опкружување, кои се дополнително зајакнати во овој период, поради случувањата во Украина. Овие случувања создаваат ризици за нестабилност на светските цени на енергентите и на житните производи, а воедно може да имаат влијание и врз очекуваното економско закрепнување.